НОКАУТ, НАМЕСТО ТАМАРА

Ништо ново на Пивофест 2019

mARTINOVIC - 2013

Седум дена по официјалното соопштување на програмата на Фестивалот на пивото 2019, за прилепчани и македонската јавност следуваше шок! Промена на програмата! На веб страницата на фестивалот и на фејсбук на 4 јули напишаа: 

,,Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ ќе настапи на последниот ден од Пивофест, во недела на 21.7, како замена за членовите на групата ,,Нови Фосили,, кои од оправдани причини нема да допатуваат во Прилеп,,.

Без средба со новинарите и подетални објаснувања, следуваше уште една промена! Откако Тамара Тодевска ја испеа химната на приемот на американската амбасада со прескокнување на строфата со револуционерите, по бројните реакциите во медиумите и на социјалните мрежи, организаторите повторно без појавување во јавноста, само на сајтовите објавија дека Нокаут ќе дојдат на местото од Тамара. 

-Програмата ја збогатуваме со еден од омилените македонски бендови, фантастичните Нокаут! Наместо Тамара в сабота на 20.7. ќе уживаме во големите хитови ,,Лебедот бел,, , ,,Што бараш ти во мојата песна,, , ,,За нас,, , ,,Знаеш каде да ме најдеш,, и многу други од нивната долга кариера. За добра мисла! Се гледаме на ,,Пиво Фест 2019,,! – напишаа на пивофестивал.мк на Фб.

Наместо богатата и разновидна програма за сечиј вкус, прилепчани коментираат дека нема ништо ново на Пивофест!

Цеца настапуваше во 2010 година.Даниела Мартиновиќ беше на Пивофест 2013 година.

Претстојниот Пивофест е повод и за политички препукувања меѓу опозцијата и локалната власт за можна злоупотреба на средства од општинскиот буџет околу организацијата.

ВМРО – ДПМНЕ:  ГО ПОЗНАВА ЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДОБРИВОЈЕ МАРИНСКИ?

,,Уште еднаш прашуваме: Дали градоначалникот го познава менаџерот од Србија, Добривоје Марински, и која е нивната поврзаност? Дали Јованоски лично, неколку наврати, се сретнал со ова лице, па дури и бил на гости во Аранѓеловац? Дали уште пред неколку месеци ја прифатил оваа прелиминарна програма за фестивалот? Колкава била цената на овие изведувачи, а колку изнесува ангажманот на сега избраните? Дали поради несериозноста на Јованоски и неговиот тим во општината, се изгубила можност за организатор на фестивалот да биде избрана светска продукција? Дали поради гледањето на сопствените интереси, Пивофест изгуби можност да ја врати старата слава и тоа за иста цена? Како е можно без одлука на Советот да биде избран организатор? Дали во комисијата за избор на организатор која Јованоски по свој терк ја формира, има вклучено надворешно лице на договор и која е потребата од тоа?

-ВМРО-ДПМНЕ го повикува Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас веднаш да реагира и да ги испита сомнежите за сторен криминал околу организација на најголемото случување во државата. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината! Јавноста мора да добие одговори! Не се криете се и еднаш соберете храброст и соочете се со оние кои ве избрале! – истакна на прес конференција Андриана Ристеска, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Реакција од Општина Прилеп : ПРВПАТ ФОРМИРАНА КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР НА ОРГАНИЗАТОР

,,По повод изнесеното од страна на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, информираме дека Советот на Општина Прилеп донесе одлука за определување на локациски услови за одржување на манифестацијата, Фестивал на пивото 2019 година. Претходно, со буџетот се утврдени 2.5 милиони денари за организирање на оваа манифестација. Градоначалникот  првпат формира комисија, која ги утврди критериумите за избор на организатор. По пат на јавен оглас секој заинтересиран правен субјект имаше можност да се пријави на огласот. По претходно спроведена законска и транспарентна постапка Градоначалникот избра организатор на фестивалот,  затоа што во надлежност на Советот на Општина Прилеп не е да донесува одлуки за избор на организатор. Во таа насока, известуваме дека средствата од Програмата за култура за организирање на Фестивалот на пивото од 2,5 милиони денари ќе бидат исплатени на македонските изведувачи по пат на авторски договори, согласно заклучоците на Комисијата за избор на организатор на Фестивалот, што е спротивно на вашите тврдења дека истите ќе бидат префрлени на организаторот.

За четирите фестивалски вечери од вкупно 16 изведувачи, 10 се македонски уметници, од кои 5 од Прилеп, што до сега никогаш не било случај.

Loading