БОМБА ПОД СТОЛИЦА ВО КАФЕТЕРИЈА

c

Крим – техничкото вештачење треба да покаже каква е експлозивната направа што во средата напладне беше пронајдена под столица во кафулето Кафе ин. Припадници на Одделот за антитерористичка заштита безбедно ја отстранија експлозивната направа – рачна бомба, поради која неколку часа беше блокиран центраот на потегот околу аптеката и Саатот.

-Пронајдениот материјал е подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење – соопштува МВР, додавајќи дека јавното обвинителство издало наредби за проверки и расчистување на настанот.​

Според портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, крим-техничкото вештачење треба да покаже за каква експлозивна направа станува збор.

– Направата е отстранета. Претстои крим-техничкото вештачење да се види за што всушност се работи. Истражната постапка треба да открие дали досега имало некои закани – изјави Ангеловски.

МВР ги отфрла шпекулациите дека во кафулето била поставена уште една рачна бомба, туку таа што е пронајдена и отстранета пред кафе-барот, под една столица. Според СВР Битола, сопственикот на кафе-барот Г.Т. ја пронашол експлозивната направа околу 12:10 часот и ја алармирал полицијата.

Прилечани се потсетија на времето од пред 10 години кога фрлањето на ражни бомби речиси беше секојдневие.

Loading