ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски(5)

marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Теќишаните во теќето отвориле и одделение за баење и земање лековита вода. Имале и простории за живеење на бездомници. Стално имале недостаток од работна рака, за чување на стока земале момоци за чување на стоката и христијански деца. Биле полиберални према нехристијанскиот народ. Немале банди за убивање луѓе и пљачкање на пазарџиите и патниците по патиштата. Теќишаните си имаат посебни гробишта. Исто така се полиберални во однос со останатиот свет. Од ваквото разгранување на новото турско население во две религиозни групи селото го добило новото име Канатларци што значи две крила. А додека турското население надвор од теќето си останало како мухамедани на сред селото изградиле верски објект џамија со отворена врата каде што пее оџата под кубето свртен југоисточно према мека. Си немале сватовски врски, земање давање со теќешаните, мажење и женење. Мухамеданите од долнава населба на селово воопшто алкохол не употребувале.

Мухамеданите надвор од теќето биле поконзервативни према христијанското население. Организирале групи, банди со ерековчани со мусинчани и ореовските арнаути заседи по патиштатата маковски, Преслап, Еленик над Мусинци скала во каленското, во Слива, во штавичкото, кај Ушите во марулското против христијанските патници ги убивале и пљачкале.

Прочуени банди за вакви убиства и пљачки биле Јакубовци од Ерековци, Пардиовци и Исламовци од Канатларции други кои со векови ја пренесувале оваа бандитска традиција од колоено на колено.

За вакви злодела што ги правеле турските банди по патиштата над невиното македонско население се имале земени контра мерки од македонските јунаци кои се препеани во македонските народни песни.

Легенда за Ново село сега с. Канатларци

Ново село или Канатларци се наоѓа на западната страна од брегот на теќето. Према кажувањето на постарите кога истекла водата од пелагониското езеро на пресушената почва од езерото поред брегот се оснивала нова населба. Тогашните села источно од новата населба поред ридовите на Селечка планина како Девет марули, Подмол, Лопатица, Бонче населбата ја нарекле Ново село. Кога почнале да се осниваат нови населби на површината на испразнетото пелагониско езеро понадолу од населбата Ново село и населбата почнале да ја нарекуваат Горно село. Сепак има повеќе тврдења од постарите за Ново село и тоа име останува како прво име на селото пред селото Канатларци. Во книгата е внесено како Ново село. Му претстои на историчарите да го решат ова прашање.

На западната страна од Ново село каде што се денес православните македонски гробишта имало црква посветена на Св. Илија. Со заземањето од страна на Османлиите на селото за време на Мариовската буна, црквата Св. Илија била запалена. Исто така била запалена и црквата во Црквиште во марулското. Како шо кажуваат постарите некогаш во Ново село како селска слава бил славен празникот Св. Илинден со неозначено време и година кога се славело.

Со иселувањето на турското муслиманско население и намалување на доселување на македонско православно население во почетокот на 1960-та година христијанското православно население донесе одлука поред муслиманскиот празник Рамазан за селска слава да се назначи и празникот Св. Илија. Во 1960 година за прв пат поле 396 години во с. Канатларци беше прославен христијанскиот празник Свети Илија. Колку што има влезни патишта за с. Канатларци сите беа преполни од народ кој идат за с. Канатларци. Средселото преполно со народ.

Четири оркестри трештат со патриотски илинденски песни и ора помешана музиката со гајдите. Тогашната продавница, коперацијата за кратко време се испразни во рафтовите, неостана ниту пијалок ниту мезалок. Се одеше по селските бунари да се гаси жедта од жешкото сонце со бунарска вода и лубеници. На овој свечен ден прва селска слава Св. Илинден во с. Канатларци поред многубројниот народ од разни краеви на Народна Република Македонија се видоја и разни носии. Од битолско, ресенско , охридско, струшко, кичевско, прилепско и мариовско. Тој ден 2 – ри Август Илинден 1960 година турското население во толку насобран македонски народ беше незабележливо.

Нема да заборавиме да не го спомниме и демирхисарскиот крај. Од сите спомнати носии на места имаше доселеници од тие краеви. Но настана некое недоразбирање околу славата во с. Канатларци. Како против на турското население да се слави денот Илинден во нивното село. Во договор политичарите, синодот на МПЦ и верската исламска заедница денот на селската слава во с. Канатларци да биди Илинден ја сменија славата да биди денот Успение на Св. Марија, Голема Богородица и тоа од наредната година 1961- та која е слава во с. Канатларци.

 Сепак се имаше внимание од блиското минато во 1955 година првиот Македонец христијанин што се доселил во с. Канатларци беше шнајдерот од кичевскиот крај. Се појави еден силен отпор против доселување на христијани. На шнајдерот Васил му беа сокршени прозорите и покривот на куќата. Властите набргу ја открија групата која даваше отпор за ненаселување христијанско население во с. Канатларци. Властите пристапија за смирување на етничките групи и беше смирено. Овде не се работи за неможење марулци да пречекаат поголем број на гости, туку има стар конфликт помеѓу селата Марул и Штавица уште од времето на Мариовската буна од 1564/65 година.                     

Продолжува

Loading