ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА ОСТРОГ

P1297155

Пензионерите беа на дводневен престој во Острошкиот манастир во Црна Гора. При тоа го посетија и приморскиот град Будва, а во Бар ја разгледаа црквата Св. Јован Владимир.

Педесетина пензионерки  пак го посетија  родното село на Блаже Конески, Небрегово. Во спомен куќата на лингвистот, историчарот на македонскиот јазик, творецот  на граматиката, поет и раскажувач, пензионерките членки на литературниот клуб читаа свои поетски творби.

– Иако блиску до градот, дел од нас не биле во родната куќа на македонистот Блаже Конески – вели Снежана Димеска, претседател на секцијата на жени.

Loading