БЕРАЧИТЕ ГИ СОГОЛИЈА ЛИПИТЕ НА ГРОБИШТА

Grobista lipiБерачи на липа ги оставија дрвјата без гранки. Се прави голема штета врз споменичните обележја со искршените и оставени гранки врз почивалиштата од починатите. Според Комуналец, по пријава на стражарската служба и брзата реакција на полицијата, на местото била фатена група на берачи, кои по пристигнувањето на полицијата се дале во бегство, а ги оставиле запрежната кола и вреќите полни со липов цвет. Комуналците го расчистиле хаосот оставен од берачите.

Уништувањето на липите е редовна појава секоја година во периодот на цветање на дрвјата. Берачите остануваат “имуни” и на полицијата и на инспекциските општински служи. Се дрзнуваат и ноќе крадат цветови, уништувајќи ги крошните на липите на Булеварот и на другите улици.

Прилеп важи за град на липите. Проект на агрономот Илија Рочески кога во педесеттите биле засадени 700 садници од двете страни на Булеварот, со помош на главниот локален архитект Мијатовиќ по примерот на паркот Пратер во Виена.

Loading