НAЈВИСОКИТЕ ПРОИЗВОДНИ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

Витаминка 

Vitamnika - Komora

Витаминка ги применува најновите стандарди за безбедност на храната. Стандардизацијата на производството и имплементирањето на принципите, позитивно се одразуваат врз производството, стекнувањето доверба од потрошувачите и на подобрата позиционираност на пазарот. На тема Меѓународниот стандард за безбедност на храната – поголема доверба и конкурентност на компаниите во Стопанска комора на Македонија, Витаминка беше издвоена како компанија што навремено и доследно ги внесува новите стандарди и беа посочени предностите што применувањето на стандардите ги носи за компаниите во производниот сектор.

– Витаминка има воспоставено и доследно го применува и го подобрува системот за управување со квалитет и животна средина усогласен со барањата на стандардите ИСО 9001:2015 и ИСО 14001:2015, системот за анализа на ризикот во критичните контролни точки – ХАЦЦП системот, усогласен со принципите и препораките на CodexAlimentariusCommission и Светската здравствена организација, како и системот за безбедност на храната во согласност со ИФС стандардот, секако почитувајќи ги важечките законски прописи. Сите стандарди за управување со процесот, следење на набавниот и производниот синџир, складирање и доставување, редовно и навремено се надградуваат, следејќи ги последните препораки и промените, наметнати од потребите за поголема безбедноста на производите – вели Олга Ристеска, координатор за обезбедување квалитет во Витаминка.

Напредниот ИСО 22000 стандард, којшто лесно се интегрира со останатите меѓународни стандарди, коишто даваат поголем акцент на организацијата и управувањето со ризици и можности, во фабриката на Витаминка, Брилијант, е веќе имплементиран. Во текот на 2019 година предвидена е целосна имплементација и сертификација на овој стандард по новата верзија 2018 на ниво на цела компанија.

-Раното внесување на ИСО 22000:2005 како и применување на принципите на кои се базира, даде многу позитивни резултати и иницираше конструктивни промени. Јасно ги дефинираме одговорностите и надлежностите на сите вработените, ја зголемивме свесноста околу прашањата за хигиена и безбеден производ. Воспоставивме квалитетен однос со купувачите, добавувачите и вработените. Обезбедивме следливост како најважен дел, го проширивме пазарот и продажбата на масло без ниту една рекламација. Безбедниот производ е најважното прашање во меѓународната трговија и тоа мора да се почитува – вели Жаклина Георгиева, шеф на лабораторија Фабрика 3, Брилијант.

– ИСО 22000:2018 е првиот стандард кој може да се користи од страна на сите учесници во синџирот на снабдување со храна, познат како ,,од нива до трпеза,, и ги вклучува и добавувачите на непрехранбените производи и услуги, како што се производители на опрема и пакување, како и даватели на логистичките услуги. Целта на стандардот, новоревидираниот ИСО 22000:2018, е да се усогласат на глобално ниво барањата за управување со храната во прехранбената индустрија и индустриите поврзани со неа и официјално да се утврдат елементите кои влегуваат во состав на еден систем за управување со безбедноста на храната. Овој стандард е развиен на ист начин како и другите стандарди за системи на управување, а пред сé ја потенцира безбедноста на храната и обезбедува и можност за демонстрирање ефективност и континуирано подобрување на компанијата во сопственото работење – вели Емилија Тодоровска, самостоен советник во Спопанска комора на Македонија.

Витаминка  го поддржа спотот на The Chicks

Vitaminka - Pesna

Женскиот музички состав The Chicks го промовира својот прв видео запис снимен со помош од Витаминка. Поддршката за младото музичко трио, значи навлегување на поп – рок музичката сцена и поддршка на македонската музичка продукција и нејзина популаризација, особено кај младите. Спотот е за песната ,,Ах тие очИ,, што ветува да биде летен хит на девојките од The Chicks, Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева. Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музиката и аранжманот се на Сашко Костов. Спотот изобилува со импресивни летни пејзажи. Сниман е кај Велес.

The Chicks е млад музички состав од Велес со доминантна женска енергија што внесува освежување на македонската сцена.

Vitaminka - Pesna1

Loading