СТАРТ СО КОНЦЕРТОТ „ГРАДСКИ ПРИКАЗНИ“ НА КУД ИЛИНДЕН

Прилепско културно лето на НУЦК „Марко Цепенков

SAS 4276

Со концертот „Градски приказни“ на КУД Илинден од Битола, вечерва од 20.30 часот во ЦК ,,Марко Цепенков,,, почнува традиционалното Прилепско културно лето на НУЦК ,,Марко Цепенков,,. Концертот е проект на КУД Илинден кој прави совршен спој меѓу истокот и западот, патешествие кое ги допира и ориентот и медитеранот, преку звуците на врвните инструменталисти каде дел се од чалгискиот оркестар на КУД Илинден Битола, преку изведбата на фолклористите и преку извонредните градски костими на КУД. Дел од репертоарот ќе бидат Буките, Поседница, На визита, Охридски градски игри, битолски градски игри, влашки игри од Крушево. Концертот одразува мултикултурен карактер, презентирајќи ја на највисоко ниво богатата градска традиција, преку орото, песната, чалгијата, оригиналните и стилизирани костими.

Лани КУД Илинден беше дел од 54 тото издание на Европскиот фестивал во Битбург, Германија, детскиот фолклорен фестивал во Бурса, Турција, а во септември ќе биде учесник на 23-тиот Интернационален фолклорен фестивал во Карлови Вари, Чешка. Годинава ќе биде учесник и на Интернационалните фестивали во Искеле, С. Кипар, Бурса, Турција и Будимпешта, Унгарија.

Концерт на детскиот младински хор ,,Св. Кирил и Методиј,, вторник, 25 јуни, ќе има во киното Мис Стон од 19.30 часот на програмата се македонски и светски композитори. Хорот кој постои од 2012 година нуди квалитет во изведба на хорски композиции од различен музички карактер.За квалитетот и прогресот на хорот зборуваат и меѓународните награди последните четири години.

Loading