ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски(2)

marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Како настанало селото Марул

Спрема кажувањата пренесени од колено на колено, селото Марул е многу стара населба, уште од времето на постоењето на пелагониското езеро. Подмолскиот воденичар петлачарот – тревлисувачот по име Марун шетајќи низ тогашната џунгла за да најди поквалитетен камен за воденици, нашол многу квалитетен камен и почнал со работа, правење воденички камење.

Воденичарот Марун направениот камен со тогашната техника го донесол во Подмол во неговата воденица, го заменил со стариот камен. Новиот камен бил поквалитетен од стариот воденички камен. Воденичарот Марун почнал поретко да се видува во Подмол поради тоа што отворил окно за правење воденички камење во новото откриено место. Радозналите подмолци почнале да се прашуваат меѓу себе каде е воденичарот Марун, не се видува низ селото. Добивале смешен понижувачки одговор за неговото петлачење – тревлисување.

Од смеја дошло до вистина воденичарот Марун од Подмол фамилијарно се преселил во новото окно за воденички камење и со времето населбата по неговото петлачење – тревлисување го добила името од Марун во Марул.

Повеќето раскажувачи марулци од постарата генерација како Танески Стојанче 1868 – 1957, Стојаноски Илија 1876 – 1972, Јованоски Илија 1885 – 1962, Јовчески Ристе 1888 – 1962, Јованоски Јован 1891 – 1963, Колески Стојко 1891 – 1968, Павлески Трајан 1891 – 1971, Танески Крсте 1903 – 1984, Јошески Петре 1903 – 1974, сите трдеа дека каменарот Марун – Марул од Подмол се преселил фамилијарно во новото откриено место за камење. Додека Танески Трајан 1895 – 1985, внук од брат на Танески Стојче велеше дека селото Марул преку брегот бонечки подмолски и комплет се преселило во денешното село Марул едно што преку брегот бонечко – подмолското место никаде некое облежје да таму имало населба. Самиот Трајан да посочи не знаеше каде била населбата преку ридот бонечко – подмолски и затоа ја прифаќаме теоријата за вистина од повеќе раскажувачи за постанокот на селото Марул.

Со времето населбата Марул се развила во поголема населба. Од истата населба се оснивале уште осум населби покрај брегот, обалата на тогашното езеро заедно со населбата станале девет населби и ги викале девет марули. Со истекувањето на водата преку мариовската долина преку Вардар во Егејското море, населбите осумте марули останале без вода и се вратиле назад во матичата населба с. Марул. Овие населби ги имало на следните места: каде денес се наоѓа остатаци од тие населби, керамики, црепови, камење од темели, парчиња ќумур итн. Такви населби ги има на Лекиште на јужната страна на Грамотска тумба, во нивата Колеска, во Смрдла вода, Жоврпче близу до кладенецот во Чуките кај ливадите , во Садиње, на Пустомагаре и во Црквиште каде имало и молитвен дом, црква.

Од сињоро подмолски до сињоро штавички има пет километри во ширина до половина километар над с. Марул каменот е со исти квалитет за обработка на воденички камење, копанки, грлушници, за бунари, за мелници, гробни плочи и ред други домашни работи, за казарниците корита.

Во ова спомнато место има преку 200 окна од каде ги произведувале сите наведени камени производи. Скоро во сите селски средби и разговори марулци зборуваа со почит и гордост да се мајстори каменари, да се потомци на основоположникот на с. Марул, воденичарот Марун. Додека спротивно на таа фалба, имало девојки кои не сакале да се мажат за Марул затоа што марулските мажи стално биле отсутни од дома, оделе во стените дење камење да сечат, ноќе од Веслец дрва влечат. Има една песна која ја опева ова вистина – судбина.

Марулските каменари

Давај ме мила мамо, давај ме

Во Марул не ме давај,

Сите марулчани се мамо

Старо и младо, каменари

Во Битола на Пазар со камење тие поаѓаа

Од пазар за дома

Со пари си доваѓаат.

Дома не си идат

Своите куќи да ги видат

Деца и жена да си видат

Со нив дома да си бидат

Беговски чифлици да купат

Македонска земја да откупат

Денови верски да слават

Свадби и крштевки да прават.

Во стените дење камење сечат сечат

Од Веслец ноќе дрва влечат

дрвен ќумур да направат

потребните алати да ги поправат.

Шетање на чумата по селата и пустење на населението во селата

Тешко е да се кажи кога била оваа катастрофа со чумата, но мора да се верува во тоа по оставените историски белези, сведочења и оставените приказни од постарите генерации како легенда за овие настани што ги пишуваме.

Бонче селото денес наречено Старо Бонче се наоѓало во подножјето од западната страна на Селечката планина висока – бонечка, со надморска висина од 1472 метри. Се настрвила чумата во с. Бонче, ги поумрела повеќето жители. Бончани ги фатила паника и страв од поморот, го напуштиле селото и се сокриле во тогашната џунгла каде што е денес с. Бонче.

Чумата не можела да ги пронајди преживеаните бончани, се преселила да живее во источната страна на Веслец, наречено местото Млаките бонечки. На чумата и дошло поблизу до с. Марул. Претежно во зимските ноќи долги од нејзиниот напад во с. Марул имало жртви, умирачка на луѓе. Марулци ги фатило страв од поморството на луѓе и почнале да мислат како да се ослободат, ја отпадат чумата за понатака да нема жртви во Марул.

Умрените луѓе, селаните ги погребале на три места наоколу селото. До гробовите закопале по еден камен по марулски викан цуцул – цуцули. Селото го заорале со два црни волови близнаци и со два браќа близнаци. Кога чумата ќе наиде поново во Марул да пустоши ќе наиде на гробиштата и ќе помисли да повеќе нема живи луѓе во селто и ќе се врати назад. Марулци измислиле една мудрост, тактика, завртиле повеќе кучиња четворооки кога ќе иди чумата ноќе да ја гледаат и бркаат.

На брегот марулски – бонечки покрај патчето марулци направиле една куќарка соѕидана од камен. Внатре ја украсиле со разни цвеќиња и разни јадења, кога ќе се разбудела чумата во вечерните темни саати за да иди да пустоши во с. Марул наидувала кај преубавата уредена куќарка внатре. Се задржувала во куќарката повеќе време и ќе пропеат првите петли после полноќ на чумата и се губела силата и се враќала назад во пештерите во Млаките бонечки. Оваа куќарка со цвекиња ја наоружувале девојките и невестите, додека храната ја спремале домаќинките ја носеле во куќата на брегот. Од убавиот пречек на чумата во куќата се откажала односно се оттргнала да доаѓа во с. Марул да прави пустош во селото на жителите.

Трите закопани камење цуцули наоколу селото стојат и ден денес како сведоци од минатото под имињата Горни цуцул, Долни цуцул и Цуцулот кај фурната Василоска. Како што е познато вакви историски легендарски работи не се слушнало да има во соседните села. Местото со куќарката камењето се расфрлени, името останало Венците кое носи број 180 запишано во марулскиот атар, сињор.

Раскажано од Стојаноски Котев Илија 1876 – 1972, пренесено од неговиот дедо Стојан И прадедовците Дамјан, Никола, Дамјан, се мили негови прапрадедовци.

Продолжува

Loading