СЕ ГРАДЕЛЕ КУЌИ, СЕ ГРАДЕЛЕ СТАНОВИ

Gradot bez hotelot Lipa

Дека Прилеп од секогаш имал сенс за новото, за прогрес, покажува фотографијава. Се вишнее деветокатницата, се ѕида цигла по цигла, се курдисуваат станови. Никнува првата повеќекатница! Градилиште е централното подрачје.

А дека се мислело на урбанизацијата, сведочат и канализационите цевки кои се поставувале! Се градело, се подобрувале условите за живот на прилепчани! А тие пак орни за напредок! Полетни! Жива сила не ги сопирала. Како што младоста, мајчината љубов и дава сила и крилја, и на оваа млада прилепчанка да поита и на велиспед, како што милуваат да  речат прилепчани за своето најпопуларно превозно средство, ја однесе челатта до кај мајка, баба, или пак на гости, на училиште! Ни жештината, ни прашината не í го земаат здивот, ниту видот! Вредни и храбри се прилепчани!

Loading