Дека Прилеп од секогаш имал сенс за новото, за прогрес, покажува фотографијава. Се вишнее деветокатницата, се ѕида цигла по цигла, се курдисуваат станови. Никнува првата повеќекатница! Градилиште е централното подрачје.
А дека се мислело на урбанизацијата, сведочат и канализационите цевки кои се поставувале! Се градело, се подобрувале условите за живот на прилепчани! А тие пак орни за напредок! Полетни! Жива сила не ги сопирала. Како што младоста, мајчината љубов и дава сила и крилја, и на оваа млада прилепчанка да поита и на велиспед, како што милуваат да речат прилепчани за своето најпопуларно превозно средство, ја однесе челатта до кај мајка, баба, или пак на гости, на училиште! Ни жештината, ни прашината не í го земаат здивот, ниту видот! Вредни и храбри се прилепчани!