КОМУНАЛЕЦ, ГЕНТЕРМ И ВИК ЗАСАДИЈА ТУЈА

За Светскиот ден на животната средина

Tuja - Komunalec

На иницијатива на менаџментот на компаниите Гентерм и ВИК, во соработка со ЈКП Комуналец, со засадување на украсна туја, се одбележа 5-ти јуни,  Светскиот ден на животната средина. Симбиличното засадување е со намера да ги  поттикне граѓаните да ја обновуваат, зачувуваат и заштитуваат  животната средина.

– Приоритет ни е селектирањето на отпадот на местото на настанувањето,  во работничките хали и мензи, покрај симболичното засадување на украсната туја. Со помош и обука и постојани консултации со вработените од Комуналец, отпадот кој го создаваме е целосно оддделен во отпад за понатамошно искористување, биоразградлив отпад, и отпад настанат при процесот на производство,  кој во ниеден случај не може да е измешан со останатиот отпад. Со ваквиот принцип, согласно  законските прописи, компаниите Гентерм и ВИК во целост ја почитуваме животната средина – потенцираа од Гентерм.

-Неопходни се и поголема соработка и координација меѓу централната и локалната власт, меѓу локалната власт, јавните претпријатија, бизнис секторот и граѓаните. Не можеме да исчистиме толку, колку несовесни прават штета на животната средина. Не можеме ниту  да  се бориме со несовесните граѓани  кои преку ноќ ги крадат или уништуваат растенијата низ градов. Наше е да бидеме упорни. Верувам дека еден ден се ќе дојде на свое место. Веројатно е потребен подолг период за правилни навики и култура на однесување и живеење – истакна в.д.директорот Ирена Станковска.

Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на ОН во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина. Се прославува во повеќе од 140 земји во светот од 1974 година. На глобално ниво, целта е да се охрабрат луѓето да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата Земја. На глобален план се одржуваат бројни меѓународни конвенции, декларации, протоколи за животната средина.

Loading