АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА

Гимназија ,,Мирче Ацев”

Во Гимназијата ,,Мирче Ацев” се одржа  настанот насловен ,,Промоција на активностите  поврзани со Ресурсниот пакет за ученичко учество и заштита  на детските права”. Учествуваа претседателот на ученичкиот парламент, ученикот правобранител и неговите заменици и координаторите на секторите при ученичкиот парламент во гимназијата. Беа промовирани активностите од учениците реализирани во текот на  учебната 2018/19 г. Присуствуваа и претставници на Бирото за развој на образованието, советниците за образование Даница Талимџиоска и Оливера Тодороска и директорите на средните училишта.

Се  претставија и ученици  кои во текот на учебната година се закитија со награди освоени на натпреври.  Настанот беше збогатен со музички изведби на учениците.

Loading