ЕУРОКОМПОЗИТ КАМПУВААТ ПРЕД ВЛАДАТА

ankfnypdwtd7ofjttiro

Дел од поранешните работници наЕурокомпозит поставија шатори пред владата во знак на протест од неисполнетите ветувања за исплата на надоместоци за неземени плати и технолошки вишок подолго време. Не ги губат надежите, туку со закана дека нема да заминат, бараат решение за нивниот проблем. На неколку стотина работници не им се платени 20 плати, седум години, придонеси за пензиско осигурување а на 154 работници, прогласени за технолошки вишок плус отпремнини од по околу 100 илјади денари.  Во воената фабрика во државна сопственост Еурокомпозит работат уште 60-ина работници.

-Веќе две години властите секои два месеци ветуваат дека ќе го  решат проблемот, но до ден денеска нема ништо од ветувањата. Засега ништо од средба со ,,недопирливите,,. До конечно решавање на проблемите ќе престојуваме во шатори пред владата. Не сме во голем број поради егзистенцијалните обврски на дел од работниците околу расадувањето на тутунот, а имаат и притисоци. Вицепремиерот Анѓушев вети исплата на отпремини и 3 заостанати плати и еве месеци и години минаа нема ништо. Барем да има доблест да се извини. По сите закони, фирмата требаше досега да биде во стечај, ама некој ја штити од кознае кои причини – велат дел од вработените.

Loading