КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?

Историја

На нашите стадиони никогаш не се објавувала прецизна информација за бројот на гледачите. Единствено новинарите правеа проценка, се разбира субјективна, а не апсолутно објективна како на пример во Хамбург 2005 година (Хамбургер – Победа 27612 гледачи). Така, се случи расправија меѓу Победа и Вардар во врска со финалниот куп-натпревар за територијата на СР Македонија, од 6 декември 1970. Бидејќи беше само еден меч, двата клуба подеднакво ги сносеа трошоците. Домашните излегоа со извештај, според кој побаруваат 665.40 нови динари поради тоа што расходите биле поголеми од приходите. Приходи од гледачите имало само 8120 динари, што подразбира дека биле продадени околу 1200 влезници. Скопјаните не го прифатиле ова, повикувајќи се на објавите во весниците: Спорт (10000 гледачи), Политика (8000), Експрес политика (8000), Нова Македонија (7000), Вечер (10000).

Мечот беше прекинат при резултат 1-2.

Loading