Металург
Настан што одекна и надвор од државава е сензационалниот триумф на Металург над фаворитот Вардар (33-32 на пенали) во финалето од македонскиот куп. Давид го победи Голијат. За градов е важно што во тимот на Металург беа тројца прилепчани. Левото крило Димитар Димитриоски придонесе со 2 гола, голманот Даниел Дупјачанец со 18 одбрани, а во пенал-серијата одбрани седмерци на Хрватот Чупиќ и Русинот Дибиров. Победничкиот тим го предводеше тренерот Оливер Димитриоски.
Во тек е борбата за титулата.