НА ВЕЛОСИПЕД 800 КМ ДО БОСФОР

Авантура на двајца членови на “Маркови точакџии”

15.5.bajkeri-prilep3

На велосипеди, двајца прилепчани ќе извозат 800 километри. Ќе тргнат од Прилеп и ќе стигнат до Босфор. Членови се на здружението „Маркови точакџии”.

Бике тоур Боспхорус е евроазиска велосипедска тура која како лична цел и предизвик си ја зададоа двајца пасионирани велосипедисти и ентузијасти Филип Илиоски и Христијан Мојсоски. Стартот на турата е од под Маркови Кули, а крајната дестинација е Истанбул.

Тие се тандемскиот тим од здружението „Маркови точакџии” кој викендов, најдоцна в понеделник, во зависност од временските услови ќе заминат на фантастична велосипедска авантура до Босфор.

Ќе возат преку Серес па Кавала, од тука на Ипсала кон Текирдаг, а крајна дестинација им е Истанбул, на Босфорот. Целата тура изнесува околу 800 километри. Попатно ќе кампуваат и преспиваат во шатори.

Враќањето на Филип и Христијан ќе биде со автобус. Тие двајца активно се рекреираат со велосипедизам и прават сериозни велосипедски тури со импресивни должини. Минатата година ја реализираа нивната најдога еднодневна тура досега со должина од 324 километри која ја возеа низ Македонија.

На страницата на Фејсбук, добиваат честитки, охрабрувања, им посакуваат успех, среќен и лессен пат,  како и прашања за колку време ќе ја извозат релацијата ако возат секој ден по 200 км, дали за 4 до 5 дена или повеќе.

Loading