ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ВЕСЕЛЕА ВО ПАШИНО РУВЦИ

DSC05468

Убавото време измами околу 400 пензионери, членови на Здружението од Прилеп, Кривогаштани и Долнени да присуствуваат на заедничко дружење во дворот на манастирот Свети Ѓорѓи во селото Пашино Рувци. Третиот пикник што веќе втора година го организира здружението претендира да стане традиционален.

-Намерата беше масовно дружење на пензионерите во еден ден. Ова ќе стане традиција за пролетните и есенските месеци – изјави претседателот Славко Трајкоски.

-Пензионерите се задоволни, весели и расположени. Потврда е оваа средба – рече претседателот на оваа Комисија, Миле Трпкоски.

Здружението обезбеди бесплатен автобуски превоз, појадок, пијалак и музика, што ги развесели пензионерите и ги скорна да завијат широко оро.

Трошоците ги сносеше Здружението.

Loading