САМО ДОЖДОТ ЈА НАТОПУВА СУВАТА ФОНТАНА

thumbnail

Помина половина од мај, а најсјајната и импресивната градска фонтана во центарот на остана сува. Жеден е за вода овој урбан декор. Полуотворената заштитна цирада уште не е отстранета. Иако фонтаната им е под пенџере на надлежните, тие не се охрабруваат да најдат ,,сили и марифет,, да го активираат танцот на водата низ млазевите дење. Ниту ноќната авантура на колоритите на фонтаната не блеска.

И останатите фонтани се суви или полни со ѓубре. Не функционираат. ниту Карпалак, ниту пред Стопанската банка, а козјнае што се случува со фонтана на Паркот на револуцијата. Дали можеби и овие водоскоци ке завршат како онаа на делот од улицата ,,Димо Наредникот,, и ќе бидат пополнети со земја а во нив ќе се засади цвеќе. Можеби е подобро да бидат жардињери со цвеќе, отколку контејнери за отпад.

Loading