ПРОШЕТКА НИЗ НАУКАТА ВО ШВЕДСКА

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“

sl1

Од 1 до 5 април 201 9г., учениците Александар Петрески, Стефанија Секулоска, Петар Ванчев, Михаил Стојкоски и професорите Анкица  Стеваноска Јанческа, Ружа Ангелеска и Евгенија Нешкоска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев”  присуствуваа на Транснационалната средба за учење, настава и активности за обука – Краткорочни размени на групи ученици во Sollentuna – Стокхолм – Шведска, во рамките на проектот “Walk through Science” од Ерасмус+ програмата. Домаќин на настанот беше партнер училиштето  Klara  Gymnasium – Sollentuna, а на оваа средба исто така  присуствуваа уште 14 ученици и 7 професори од партнер училиштата  од Полска, Ирска, Реунион – Франција и училиштето  домаќин.

За време на партнерската посета во Шведска учесниците се фокусираа на екологијата и проблемите со животната средина, како и запознавање со шведската природа и некои од еко системите околу Стокхолм и Упсала.

sl2

– Според предвидената програма успешно се реализираат низа од  активности и тоа: посета на училиштето – домаќин, презентација на учениците и наставниците, запознавање со програмата за природни науки во шведската Гимназија и прошетка  во Стокхолм – стариот дел на градот – Гамла Стан со реализација на квиз „Што научив за Стокхолм”; посета на музејот Биотопија во Упсала за да се дознае повеќе за природата (флора и фауна) во Шведска и посета на Гамла Уппсала музејот; посета на Еркен езерото и  лабораториската станица – дел од Универзитетот во Упсала, каде се прават анализи на примероци од водата од околното езеро, при што имавме презентација од  универзитетски професор  кој извонредно го опиша и објасни феноменот на замрзнатото езеро, како и флората и фауната  која живее во него. Истиот ден го посетивме  и Викингабѕ Сторхолмен – импровизација на населба од време на Викинзите, каде што ни беше доловено времето во кое тие живееле. Екскурзија во ” National city park ” со фокусирање на еколошките прашања (флората и фауната во паркот) и услуги за екосистемот во Шведска; посета  на Нобеловиот музеј и Природно научниот музеј во Стокхолм; лабораториски активности на учениците  во училиштето-домаќин и размена на добри практики помеѓу наставниците и учениците – информира проф. Стеваноска Јанческа.

sl3

Учесниците на оваа средба се запознале со нови култури, го практикуваа и подобруваа својот англиски јазик, ги проширија своите ставови кон светот и се запознаа со различни начини на учење на природните науки, посебно како да се најде решение на важни прашања поврзани со животната средина кои можат да се појават  при учење / предавање во одредени области од  природните науки.

sl4

Loading