СИЛЈАНОСКА-ДАВКОВА: ЗОШТО НЕ БИ БИЛА ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ-ЖЕНА?

Претседателски избори 2019

Gordana pred Cento

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва на митингот на плоштадот Методија Андонов Ченто под слоганот “Правда за Македонија. Татковината повикува” ќе го претстават кандидатот за претседател, професорката Гордана Сиљаноска Давкова. Пред неколку дена, таа дојде во Прилеп и положи цвеќе пред споменикот на Ченто во центарот на градот и се сретна со граѓаните во центарот на градот. Да положам цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ, всушност првиот претседател на Македонија, Методија Андонов-Ченто. Тоа е моќна симболика, затоа што еден од основните темели на Европа е борбата против фашизмот, изјави кандидатот за претседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјаноска- Давкова при посетата на Прилеп.

– Партизаните активно се вклучиле на вистинската страна, што значи уште оттогаш Европа и Европската Унија биле нешто природно за нас. Она што тревожи е што кога јас бев во основно и средно училиште, за Ченто не учевме. Ние не смееме да си ги забораваме хероите, а не особено првите претседатели на државата, а потоа да се срамиме од тоа, односно да се срамат оние кои ги криеме. Што се однесува до мене, симболиката би била, ако е тој еден од најпочитуваните, првиот претседател, зошто не би била жена – првата претседателка на Република Македонија – изјави кандидатот за претседател Гордана Силјаноска Давкова при посетата на Прилеп.

Loading