ПРВА ПЕНЗИОНЕРСКА РЕВИЈА НА ПЕСНИ И ИГРИ

Првата годинешна регионална ревија на музика, песни и игри на пензионерите ќе се одржи в четврток, 18 април, во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Градското пензионерско здружение ќе биде домаќин на стотина исполнувачи на  музички нумери од регионов. Ќе се претстават со по две-три песни членовите на двете прилепски културно уметнички друштва на пензионерите – ,,Пенка Котеска,, и ,,Пензионер,,, потоа,,Сирма Војвода,, од Битола, од Ресен, Демир Хисар и од Крушево. Луѓето ,,од третото доба,, учесници на средбата ќе имаат заедничко дружење. Манифестацијата ќе ја поздрави новиот претседател на пензионески асоцијации на Македонија, Станка Трајкова.

Прилепските пензионери ќе се домаќини на договорна средба на претседателите на Комисиите за култура при здруженијата од регионов.                                   

Loading