МЕЃУ 10 – ТЕ НАЈУСПЕШНИТЕ МЕНАЏЕРКИ

Јасна Ажиевска Петрушева, од Мермерен комбинат

Jasna Mermer

Меѓу 10-те најуспешни менаџерки за 2018 година на 23-тиот избор што традиционално го организира агенцијата „Марили” е и Јасна Аджиевска Петрушева, административен извршен директор на Мермерениот Комбинат АД Прилеп. Манифестацијата ја афирмира жената во бизнисот како успешен менаџер и го потврдува развојот на женското менаџерство во оваа долга традиција, а истовремено претставува и поттик за младите генерации образовани жени. При изборот на најуспешните жени менаџерки се разгледуваат повеќе аспекти во работењето, позицијата, статусот, професионалниот успех, резултатите во работењето и придонесот за статусот на компанијата. Покрај основните менаџерски карактеристики, изборното тело оценуваше колку добро се прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени.

Лани агенцијата Марили меѓу 10 те најуспешни жени менаџерки за 2017 ги избра: Наташа Стојковска, директор на набавка и логистика во Витаминка, Ирена Јакимоска од „Комфи Ангел” и  Јана Јанеска – Ристески од Центар за современа ликовна уметност.

najuspeni-zeni-menaxerki

Loading