АНТИФАШИСТИЧКИОТ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – АФЖ ЗА С. МАРУЛ

ФЕЉТОН – Томе Велјановски

marul

Разбудената револуционерна свест и организираната борба на жените и девојките од село Марул во Втората светска војна, наоѓаат свој пишан запис кај марулецот Томе Велјаноски кој живее во Гетеборг во Шведска. Тој, обидувајќи се да се присети на се она што го слушал од постарите марулчани, всушност прави аматерски обид овие ликови и настани да не бидат заборавени од историјата. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

(2) Милан исто така ноќе ја имаше носено Добра Цекоска од местото Столовите во с. Мало Рувци. Такви беа времињата и така се работеше ноќе рече тетка Илинка. Често пати сме имале средби и разговори со Илинка Атанасица Здравеска претседателот на АФЖ за село Марул и ја имаше прашано каде е одликувањето од Добрица Цекоска за марулското АФЖ. Таа даваше ваков одговор: Во есента 1945 година еден ден дојдоа кај мене Димко Камшико и Петре Кузман и ме замолија да му го однесам документот што го оставила Добра Цекоска за АФЖ за село Марул. Јас го донесов подполнетиот документ, му го дадов, го разгледа и го ставија во нивната чанта. Јас се побунив и му реков вратете ми го документот, тој не е мој, туку е од активноста на АФЖ за нашето Марул. Тие ми одговорија ние знаеме да документот е одликувањето на вашето село Марул за АФЖ, но ние сме надлежни да ги собереме сите важни документирани работи од војната. Ќе ги носиме во историскиот архив во Прилеп. Ако има некоја потреба да се знае каде е документот ми одговорија Димко и Петре рече Илинка Атанасица.

Исто така документот благодарницата што ја остави командантот на бригадата Дончо Темелкоски за сторена поддршка и хуманата услуга од страна на село Марул према бригадата изчезна на подмолен начин е предадена таму во историскиот архив во Прилеп. А додека марулци тврдат да благодарницата нестанала од канцеларијата на средселото за време на колективот, јас не сум убедена рече Илинка.

Државните надлежни служби од градот ги собираа сите важни документи од по селата добиени за време на војната. Највероватно за да немаат селските населби големо влијание во државната политика. Како државата е створена од градското револуционерно движење и тоа ќе ги има државните благодети и привилегии. Со тоа најголем пример е што на сите такви државни обележја ниту еднаш не беа повикани борците од нашето Марул иако ги имаше 24 со еден помалце, убиениот Велјан Новачески. Никогаш и никаде не беше поканет АФЖ од село Марул кој престана да постои неподдржан од властите македонски.

Марул селото тогаш со 32 домаќинства, од 12 до 16 септември 1944 година ја пречека Втората македонско народно ослободителна ударна бригада со 500 борци и ја поддржа со се што и беше потребно: со храна, облека, обувки и ја испрати и  и подари 4 добитци товарити за транспорт. Жалосна работа наместо за с. Марул да биди запишано со златни букви. А сега да го изгубиш и немаш најчувствителното за селото – благодарницата, признајницата потпишана од командантот на бригадата. Исто така и хуманиот документ од АФЖ потпишан од Добра Цекоска за с. Марул. Без документот си никој и ништо рече Илинка Здравеска претседателка на АФЖ за село Марул.

Очув ми Ѓељо навистина беше лош човек како народен непријател во 1943 година беше ликвидиран во Прилеп. Мајка ми Менка Трајкоска поради него го изгуби работното место служителка во село Марул. Останавме на цедило без никаков капитал. Со мажот ми Атанас одевме аргати по куќи во селото, говедари и полјаци во Марул за да ја прехраниме нашата фамилија и мајка ми Менка со нас. Од марулските борици никој не доби некои привилеге телесни оштети. Алексо Јованоски Курела беше изрешетен со повеќе куршуми во стомакот и нозете војни отеран во 15-тиот корпус во Срем, живееше сиромашно, без никаква телесна оштета. Групата на позадината за време на војната за с. Марул Тодор Јованоски, Јован Новачески и Крсте Танески не добија никакви привилегии за нивната ангажираност. Исто така заврши и курирот на АФЖ за село Марул Милан Василоски Борачо кој со ноќи не беше спан а не беше награден со ништо, во разговорот рече Илинка Здравеска.

Илинка Атанасица Здравеска беше интелигентна и чувствителна личност за сите работи, комуникативна со секого за нејзиното знаење по француски јазик честотопати кога си идевме од училиште од село Канатларци врвевме поред нејзината куќа и ја поздравувавме на француски а таа ни одговараше на француски. Некогаш читаше од нашите француски учебници и подобро читаше од нас учениците.

Трајкоска Василева Илинка

Илинка Василева е родена во село Врањевци во 1925 година. Нејзините родители се преселиле во Битола. Писменоста Илинка ја започнала редовно од нејзините детски години. Во школската настава покрај другото го учела и францускиот јазик. Завршила осми клас како денес осмо одделение. Несреќа ја фатила – починал нејзиниот татко. Мајка е Менка се премажила за Ѓељо од Прилеп кој сурово се однесувалл према паштерката Илинка. Во 1941 година младата Илинка се омажила за Атанас Здравески во село Марул пак со помош на очувот Ѓељо кој во поранешните години бил полјак во с. Марул. Како што кажуваше самата Илинка сводниклакот го коштало еден ѕевгар волови. Од Менка мајка и останала сама. Илинка и зетот Атанас ја зеле мајка и на Илинка да се гледа кај нив. Менка Трајкоска се догледа со ќерката е и зетот која пожина во 1975 година во село Марул каде е и погребана. Илинка и Атанас изродиле пет деца. За време преселбите село – град, во осумдесеттите години на минатиот век, Илинка со синот се преселуваат во село Долно Оризари, битолско каде во 2002 година Илинка поинува на 77 години. Покрај раскажувањето на Илинка за АФЖ за село Марул имаше повеќе раскажувачи, Мурџеска Јованица Коприна, Николоска Петрејца Митра, Анѓелеска Илица Дуна, Танески Јован, Велјаноски Благоја и др. марулци.

Крај

Loading