ТРАДИЦИЈА И ЗАБАВА ПОД МАСКИ

Карневал Прочка 2019

Screenshot 1

На последното издание на карневалот Прочка 2019  најдобра маска групната маска Водици во Прилеп беше на здружението Прочкари, во чија изведба учествуваа 30 членови.

-На карневалот сме присутни од 2006 година. Вторпат сме наградени, по 2012 година. Маскирањето го правиме од забава и, дружење. Стекнавме пријатели од Лесковац, Шабац, Корча и карневалите низ земјава – истакна Горан Ржаникоски.

Стручното жири додели награди за најдобри современи и традиционални маски. Во категоријата најдобра традиционална маска е маската на учесниците од селото Куратица, Охридско, второто место го освоија гостите од Турција, а третото е за Џаламарите од кавадаречки Сопот.

Метаморфоза е крстена групната маска на учесниците од Лесковац, Србија,  која  беше избрана за најуспешна современа маска. Второто место припадна на учениците од СОУ ,,Ѓорче Петров,, со Пролетна забава, а третата награда отиде во рацете на  членовите на студиото за танц Зодијак за  маската Малата сирена.

-Учестуваме 11 година. Сме добиле три-четири награди. Пријатно се чувствуваме. Ќе се видиме в година. И ние негуваме долга традиција на карневали, уште од пред двете светски војни – изјави Мирољуб Радивољевиќ, менаџер на карневалот во Лесковац.

Награди за најдобра маска на детскиот карневал со учесници до 14 години, доби ОУ ,,Блаже Конески,, со маската Мадагаскар. Првото место припадна на основците од ,,Климент Охридски,, со маската Пролет и облачиња, а втора беше маската Еколошка пролет од ОУ ,,Добре Јованоски,,. За Роденденот на Штрумфета ОУ ,,Кочо Рацин ја доби третата награда.

На меѓународниот карневал Прочка 2019 се организира и традиционалната изложба на маски во креација на основците и средношколците. Манифестацијата се оконча со маскенбал на учесниците и доделување на наградите. Следниот ден, Здружението Мечкари, за учесниците, приреди ручек од посен грав во манастирот ,,Свети Ѓорѓија,,.

Loading