КЛУБ И ЗА ВАРОШКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

DSC05158

Повеќе од 500 пензионери од Варош добија свое катче за дружење. Станува збор за пензионерски клуб во општествениот дом. Просториите  од околу стотина метри квадратни се реновирани и уредени за потребите за пензионерите со помош на Министерството за труд и социјална политика и од Локалната самоуправа. Ова е 11-ти клуб на Здружението на пензионери од Прилеп.

– Добивме прекрасна просторија да организираме пензионерски активности и поодминатите години да ни бидат позабавни – рече Киро Коруноски, новиот претседател на пензионерскиот огранок од Варош.

Славко Трајкоски, претседателот на Здружението на пензионерите од Прилеп, најави отворање на клуб во селото Дебреште, покрај оние во Кривогаштани, Тополчани и Долнени и осумте во градот. Тој изјави дека се поддржуваат активностите на пензионерите во 19 ограноци.

На свеченоста присуствуваше и претседателот на Советот, Миле Талески и пратеничката Кети Смилеска.

Loading