ЖИВОТОТ ГО ПОЛОЖИЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА НИВ ГИ ЗАБОРАВИ

Фељтон: Томе Велјановски (3)

klepac

За настаните од Втората светска војна, марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал се и оние за лицата кои животот го положиле за Македонија, а според него  македонската историја ги заборавила. Тој сака да биде забележано, онака како што му раскажувале постарите жители. Неговите белешки ги пренесуваме во оригинал, на разговорен јазик и имаат правописни пропусти.

Марулци од жал за стоката, ја пуштиле на слобода, крупната стока паднала плен за храна на српската војска. Ситната стока, козите и овците останале во снегот во Веслец. Овчарите марулци Димитрија Гулабоски и Стојан Здравески Вепрчански марулец ги оставиле булуците кози и овци, си дошле дома од страв од аскерот да не намини таму. Од овие стада булуци кој наминал и одделувал колку што можел. Остатокот ги отерале во шталото на беговите Алија и Амдија во Писокал. Ги презимувале и пролетта во 1913 година ги продале на пазарите во Прилеп и Битола. Марулци наместо некого да вселат во кулата од Амдија ја турнале само за освета.

Војната продолжува. Бугарската и српската војска здружени наближуваат на 61 километар пред градот Анандријапол – Едрење под команда на своите генерали, командни лица Бугаринот Микаел Савов и српскиот генерал Степан Степановиќ.

Бугарската и српската војска се спречени да ги заземат Едрење и Цариград од европските западни држави Англија, Австроунгарија, Германија и Франција. Донесена е одлука од овие веле сили да Едрење и цариград – Истамбол со околу 2 500 километри квадратни да останат од европскиот дел на балканскиот полуостров во турската царска држава, од политички причини до руската морска флота за да не можи слободно неконтролирано да излегува преку Босфор и Дарданелите во Средоземното море. Турција е поразена и капитулира, бара примирје. Мировната конференција се одржа меѓу завојуваните држави на 30.12.1912 година во Лондон во Англија, со тоа што Турција се откажува од сите изгубени територии за времена војната. На таа иста мировна конференција се роди нова европска и балканска држава Албанија.

Османската турска империја сама се победила. Како што било предвидено на берлинскиот договор во 1878 година Турција да направи стопанска и политичка реформа во балканската територија на Отоманската имеприја, ќе беше подобро за самата нејзе. Место да го стори тоа да ја обнови охридската архиепископија за црква на Македонците, да отвори македонски училишта, макар и Македонецот да го земеше да служи војник во редовите на аскерот. Таа работеше спротивно од интересот на македонскиот народ.

Ги пушти слободно да работат пропагандните политички асоцијации на нејзините соседни држави.  Му отоври училишта и цркви на егзархистите и на патријаршистите. Направи братоубиствена војна во Македонија. Не го укина башибозукот со убиство од разни заседи по патиштата над невиниот народ. Ако некој Македонец излегуваше со војот дом, земаше збогум од домашните со јадосни солзи незнаејќи дали жив ќе се врати. Ако преживееше и се вратеше пак, грабење со домашните со радосни солзи на лицето.

Од ваквите груби предстапи над македонскиот народ од страна на султанската влада дел од македонскиот народ преминуваше како унијати само да и даде отпор на грчката патријаршија во Цариград која беше поддржана политики, економски и воено. За сите овие негативни работи против Македонецот како отпор за да ја заштити својата националност Македонецот, ја оснива политичката организација ВМРО.

Политичката партија ВМРО организираше воени чети кои ќе се борат против сите туѓи пропаганди во Македонија како просветна, дрковна и др. Отоманската султанија од Цариград ја поддржуваше грчката патријаршија и учествуваше со свои воени сили за уништување на македонските побуненици во склоп со грчките андарски чети кои немаа милост спрема македонскиот народ. Го убиваа, му ги палеа селата. Само што ќе се стемни се гледа запалено македонско село, гори. Ако ветерот дува спрема незапаленото македонско село доаѓа мирис од месо каде горат луѓе и стока. После неколку дена ќе наврати аскерот лицемерно да го ипитува случајот. Честопати аскерот преку ноќта ќе го сардиса некое македонско село за да бара комитски чети. Селото мажи да биди сардисано зависело шпиунажата какви податоци дала.

Старите дедовци често пати спомнуваа дека битолскиот сликар ќе ја слика комистката чета, ќе направи три слики, една за комитската чета, една за него, една за турските власти. Четата набрзо била откриена од властите и уништена. Тоа се работело и за поедини личности кои биле политички настроени против турската влада.

Со реформата што се прогласила на младотурската револуција во јули 1908 година не било реално наклонета према македонскиот народ. Се прогласило јашасан хурмет, братство и единство, да ќе живеат турскиот и македонскиот народ. Се направиле демонстрации во Битола, во Солун за овие братски демонстрации во кои 95 проценти биле Македонци, останатите мешан народ. Евреите не учествувале, ги гледале демонстрациите со појавени главите од вратите на своите трговски дуќани со потсмев, шашав милет, шашав милет.

Не се дала амнестие на оваа реформа за отворање  на македонски училишта признавање за посебност на македонската вера, исповест. Се дало повик сето приватно оружје да се предади на државните власти. Македонците поверувале во тоа. Сите Македонци кои поседувале оружје па макар и по една  пушка ги предале на властите. Додека турската и албанската по нивна традиција имале дома повеќе пушки и пиштоли, предавале само по едно оружје.

Повик со амнестија комитите да се вратат од планините да го предадат оружјето и да се ослободат од секаква одговорност, животот слободно ќе си го живеат. Многу комитски чети се вратиле од планините, оружјето го предале на властите. Властите почнале да земаат христијански војници за служење воен рок во аскерот. Барем така се десило во битолскиот воен гарнизон. На сите овие најавени реформи од страна на младотурската револуција не им поверувал мариовскиот војвода од село Врпско, Трајко Зајката не се вратил дома и не го предал оружјето кој велел ова е кратка лага за само правење лицемерие пред европските држави за кратко време се ќе биди по старо, рекол Зајката и така излегло. Трајко умрел во 1932 година во с. Дуње каде и гробот му се наоѓа.

Ако реформите биле правилно спроведени Македонија добиеше малце  национално право со некоја мала автономија, Турција и ден денес ќе го имаше балканскиот дел со Македонија и Македонија нема да беше поделена на три дела.

Продолжува

Loading