ЖИВОТОТ ГО ПОЛОЖИЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА НИВ ГИ ЗАБОРАВИ

Фељтон: Томе Велјановски 1

klepac

За настаните од Втората светска војна, марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал се и оние за лицата кои животот го положиле за Македонија, а според него  македонската историја ги заборавила. Тој сака да биде забележано, онака како што му раскажувале постарите жители. Неговите белешки ги пренесуваме во оригинал, на разговорен јазик и имаат правописни пропусти.

На два километри југоисточно од с. Тополчани, на источната страна на неколку стотина метри од патот Тополчани – Ношпал – Добрушево се наоѓа селото Клепач. Раскажано од нашите постари генерации за легендата како постанало с. Клепач и начинот што го добило името Клепач.

По времињата кога пелагониското езеро се исцедило од пелагониската рамнина, земјиното тло на езерото станало плодна површина за одгледување на земјоделски култури и ливади за трева. Стопаните на ливадите клавале аргати за косење на ливадите. Аргатите косачи дојдени од подалечните места не можејќи дома да се враќаат за одморат и преноќевале и почнале да прават колиби за преноќевање, за чување на алатите. Во тие истите колиби косачите си ги поправале, клепале и косите. Со времето се направиле современи работилници, ковачници. Некои почнале да си ги носат и своите фамилии и изградиле сопствени куќи.

Населбата од обична прераснала во вистинска населба и името го добила по рабитилниците за клепање – с. Клепач. Населбата Клепач била сиромашна со дрва за правење дрвен ќумур за во ковачница. Неможејќи да одат по дрва од планината Коле Древеник поради водата од езерото не била доисцедена. Со своите товарити добитци доаѓале до џунглата во марулскиот сињор, сечеле дабови дрва за правање ќумур. Оваа работа се одвивала со векови, планината била оголена. За спомен останало името на Клепатско патче кое постои и ден денес.

Како што кажуваат постарите генерации родени во годините од 1850/60 години, се сеќаваат ќутуците во местото Садината над село во Орев кога клепачани ги сосекле дабовите дрвја и биле носени со товарити добитци во правец надолу Орев покрај црквата зад Долни Цуцул преку Велјанов кладенец данчулицо меќу Канатларци и Ерековци и во Клепач дома. Од движењето тоа патче останало со името клепачко патче.

Со ширењето на христијанството Клепачани го примиле христијанството за селска слава изградиле молитвен дом Црква. Црквата ја крстиле Свети Аранѓел Михаил каде се собираат многу гости на 21 ден во месец ноември. За време на комитското движење клепачани соработувале со организацијата и дале  комита жртва, тоа е Матоски Цветан убиен во с. Паралово. Клепач порастило на 50-тина домаќинства. После Втората светска војна во Клепач е изградено училиште кое го носи името Димче Могилчето. За време на колективот селото Клепач сто отсто влегло во колективот. Цветан Матоски е убиен во четата на Ѓорѓи Сугаре во с. Паралово, Мариово во 1906 година.

Клепач селото секогаш припаѓало во тополечко или прилепска општина. Главно занимање во селото е земјоделие и сточарство. Во времето на социјализмот од Клепач имаше доста вработени во ЗИК Прилеп. Сватовските врски с. Клепач со с. Марул се 5 спрема 2 Клепач. Марулските девојки што се омажиле во Клепач се следните: 1. Атанасоска Танеска Стојна мажена за Борис Палашоски; 2. Атанасоска Сребра Танеска мажена за Богдан Чукалески; 3. Јовческа Велика мажена за Илија Гулески; 4. Јованоска Маса мажена за Трајан Милески; 5. Јованоска Петра прва брачеда на Маса од стрико мажена кај Чукалевци поради набрзо момчето и умрело, името непознато. Петра се премажила кај Николевци во прилепско Алинци каде оформила потомство.

Девојки од Клепач мажени во Марул: 1. Палашоска Коприна мажена за Трајче Колески; 2. Милеска Милица мажена за Алекцо Стојкоски. Најпознати домаќинства во Клепач се овие горенаведените, па Стојчевци, Матевци, Крморовци итн. Во Клепач се раѓаат талентирани деца за фудбал меѓу нив и Тоскоски Гоце кој доспеа со неговиот квалитет да ги обуја копачките на ФК Победа од Прилеп.

Во летото 2017 година не донесе прилика да се направи една мала посета на клепачката црква Свети Архангел Михаил. Во близина на црквата во гробиштата беше забележана една закопана мермерна плоча на која се запишани имиња на комити со презимиња. Некои подетални податоци за нив нема,  кога како и каде загинале овие комити: 1. Стојан Борчев; 2. Велко Скочивироски од с. Скочивир; 3. Стрезо Милески од с. Клепач; 4. Христо Романов од с. Брниково; 5. Димитар Берански од с. Беранци; 6. Димитар Ѓенималец од Битола; 7. Костадин Ѓенималец од с. Српци; 9. Спасе Костов од с. Круша.

Одлучивме да ги запишеме во книжевен бележник, да останат регистрирани. Во случај на истрошеност на мермерната плоча можат нивните имиња и презимиња да исчезнат. За жал, не се само овие што лежат на оваа македонска земја. Овие овде барем имаат нивни имиња и презимиња и место на раѓање. Ги има многу, многу ни потраг, ниту нивните вечни домови заборавени од македонската историја и од властите.

Направена е грешка уште во одржувањето на АСНОМ во Прохор Пчински на 2 август во 1944 година што не се донесе закон да се пратат историчари по градовите и во селата во Македонија да направат средба со старите дедовци и баби, ќе им раскажеа историја од минатото за Македонија. Ќе ги регистрираа сите македонски комити, живи и умрени, ќе направеа екс македонска историја. Ќе ги регистрираа сите преживеани војници кои служеле присилно земени во туѓите армии, земени како робови за топовско месо за нив да преживеани да убиени ќе бараа за нив воена оштета. Ќе се наполнеше македонската историја со богат материјал. И ќе имаше правилна македонска историја, немаше од 1945, туку сто години изминати. Вака се пропушти тој историски материјал од нашиот народ на разните окупатори, завојувачи над Македонија. Тие ги имаат сите податоци за нашите постари генерации и ги користат само за политичка пропаганда против Македонија и нас не нарекуваат измислена нација, не држат во мат позиција. Тие истите туѓи пропагатори заборавија кога агите ќе судеа некој Македонец воопшто не биле спомнувани Бугарија, Грција или Србија. Турските судии псуеле само по Москва: анасана сиќим Москва! Тогаш за какви ослободители се замислувале овие три држави кога воопшто не биле спомнувани. Секое родено машко дете родено Македонче, родителите и роднините го нарекувале момче Македонче, така национално се осеќале а никако Бугарче, Грче или Србинче. Самите турски власти знаеле дека Србија и Бугарија со помош на Русија добиле независност, додека Грција со помош на Прусија – Германија постанала независна држава. За време на хајдутското движење во Македонија во куќите каде се одржувале политички средби домаќините ги викале Москва. Куќата на Голабоски Николе Москва. Во с. Подмол, во с. Добрушево има Московци кои немаа помеѓу себе никакви роднински врски туку само заедничка политичка идеја.

Продолжува

Loading