ДВЕ НОВИ ДИРЕКТОРКИ

Во новата година

direk

Ирена Станкоска е нов в.д. директор на ЈКП Комуналец, а Бети Спиркоска е новата в.д. директорка на градинките.

Станкоска е дипломиран економист, а на местото вршител на должност директор на Комуналец  дојде од раководно место од Секторот за финансии при Локалната самоуправа. Има 20 годишно работно искуство.

Бети Спиркоска е на местото на досегашниот в.д. директор Орде Тодороски, кој беше сменет пред Нова Година, и се врати на местото книговодител. Спиркоска претходно беше раководител на градинката во Аличаир.

Поранешниот в.д. директор на Комуналец, Звонко Јованоски е советник во Локалната самоуправа, во делот на координација со јавните претпријатија. Јованоски, како прв човек на Комуналец беше една година.

 во Прилеп, Орде Тодороски се враќа на местото книговодител

 Јованоски ќе биде советник за јавни претпријатија во Општина Прилеп

Од ЈКП „Комуналец” соопштија дека Станковска

„Финасиската стабилност на претпријатието, но и согледување на оперативните работи и проблеми кои настануваат во тековното работење и делување во трите битни Сектори: Секторот за собирање, транспорт и депонирање на отпад, Секторот паркови, зеленило и јавно прометни површини и Секторот за управување и уредување на гробишта, ќе бидат под опсервација на новата в.д. директорка, за да се продолжи со понатамошното подобрување и крајна стабилизација и модернизација на Комуналец”, велат од ЈКП „Комуналцец” – Прилеп.

Инаку засега ниту од ЈКП „Комуналец” ниту од Општина Прилеп не ги истакнуваат причините зошто Јованоски е сменет од местото в.д. директор на ова јавно претпријатие.

Бети Спиркоска е новата в.д. директорка на градинките во Прилеп, Орде Тодороски се враќа на местото книговодител

„Имам големи планови за градинките „Наша Иднина”. Додека бев раководител на работната единица во „Аличаир” истата беше комплетно реновирана. Мојот план е истото да се случи сите објекти од „Наша Иднина” во Општина Прилеп. За многу брзо време започнуваме со реконстукција на дограмата во градинката „Гоце Делчев” и со реновирање на саниитраните јазли во сите други градики во Прилеп”, истакна Бети Спиркоска, новата в.д. директорка на градинките „Наша Иднина”.

И во овој случај, како со ЈКП „Комуналец” нема официјално соопштение од Општина Прилеп зошто е сменет досегашниот в.д. директор Орде Тодороски.

Loading