КАКОВ ВОЗДУХ ДИШАТ ПРИЛЕПЧАНИ?!

merna

Мерна станица која треба да го покажува квалитетот на амбиенталниот воздух во градот поставена е на зградата на Општината. Инсталирана беше на последниот ден од 2018 година.

И покрај најавите од одделот за односи со јавност дека веднаш после новогодишните празници јавноста ќе биде запозната со подетални информации за мерната станица, до затворањето на весникот, 9 јануари, Локалната самоуправа не соопшти повеќе податоци.

За тоа како граѓаните да знаат каков воздух дишат и да имаат точни информации за загаденоста на воздухот, очигледно ќе треба да причекаат.

Загадувањето на воздухот може да се следи и преку користење на апликации на смарт телефоните која го мери квалитет на воздухот преку нотификација.  

Loading