ФИЛМСКА ГРАБЕЖ НА ЗЛАТАРНИЦА СРЕД БЕЛ ДЕН

Во старата чаршија

grabez-pp

Три маскирани и вооружени лица недостапни за полицијата, во вторникот утрината околу 8.30 часот ограбија златарница во Старата чаршија. Била нападната сопственичката која штотуку го отворила дуќанот и од сефот го вадела накитот со заклучена врата на златарницата. Еден од напаѓачите испукал два куршума при што се скршило стаклото од вратата. Ова го тврдат сведоците од околните дуќани.

Искористувајќи го шокот и стравот на сопственичката, која била лесно повредена, го ставиле накитот во две најлонски ќеси и побегнале кон џамијата, каде влегле во сива автомобил и заминале во непознат правец.

Неофицијлано, од златарницата биле украдени 4,5 килограми накит.

Ова е втор грабеж во раните утринските часови. На 13 декември околу 8 часот, 35-годишниот прилепчанец А.В., во поштата кај судот, извршил разбојништво со дрвена палка. При тоа го повредил поштенскиот службеник и успеал да одземе 35.600 денари. Напаѓачот е пронајден по неколку дена, а судот му одредил притвор.

Loading