ПРАЗНИЦИ БЕЗ ПАРИ

Еурокомпозит

Прогласените 154 работници за технолошки вишок од наменската фабрика Еурокомпозит протестираа пред фабриката за недобиените, а договорени пари за отпремнини. Велат се чувствуваат измамени и понижени од раководството кое одржало договореното за исплтата на дел од отпремнините. Работниците не зеле плата од септември лани. Се аелирадо Владата да се најде решение барем пристоен дел од отпремнината да добијат пред празните. Во спротивно ќе се излези на протест надвор од фабричкиот круг.

Според Пецо Велјаноски, прогласен за технолошки вишок, раководството го погази зборот и од барем 25.000 денари за секој работник што е технолошки вишок, сега ќе добијат по околу 8.000 денари.

– Револтот кај работниците е голем. Се чувствуваме измамени, понижени и онеправдани од менаџерите на Еурокомпозит. До 25 декември, според новиот договор, требаше да ни се исплатат по 25.000 денари, но и тоа отпадна, па добивме најава дека може да добиеме по 8.000 до 10.000 денари, а по 17.000 денари до крајот на јануари наредната година – вели Велјаноски.

154 – те работници – технолошки вишок треба да добијат во просек по околу 100.000 денари отпремнини. Тие побаруваат и неисплатени придонеси за 6,5 години, но се согласија да чекаат инвеститор кој ќе ги подмири побарувањата.

Во Еурокомпозит останаа на работа помалку од 100 работници.

Loading