ЛОКАЛНАТА КАСА ЌЕ ТЕЖИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА

В година

Вкупните приходи во буџетот за 2019 година се проектирани на 1,298 милијарда денари, што во споредба со лани, бележи раст од 11,94 отсто. Приходите во основниот буџет се проектирани на 515,9 милиони денари или намалување од 6 отсто. Приходите се од персоналениот данок, данокот на имот, даноците на специфичните услуги, таксите за користење и дозволите за вршење на дејност, неданочните приходи, капиталните приходи, трансферите и донациите и пренесените вишоци.

Расходите во буџетот се планирани колку приходите или 1,289 милијарда денари.

В година приоритет ќе имаа изградбата, санацијата и реконструкција на улиците и локалните патишта, изградбата и одржувањето на парковите и зелените површини, реконструкцијата на булеварот ,,Гоце Делчев,, и улицата ,,Прилепски бранители,,, реконструкцијата на мостот на улицата ,,Трајко Николоски,,, на градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,, изградбата на кејски ѕидови на градската река, како и уредување на инфраструктурата на индустриската зона ,,Прилеп,,. В година ќе бидат реконструирани основните и средните училишта, а ќе се подобрат и условите во детските градинки.

Loading