БРАНИТЕЛИТЕ ГО БРАНАТ ИМЕТО НА УЛИЦА

48379474 1004855176389276 5381930751618973696 n

Прилепските бранители преку собир и демонстрација на улица побараа итно запирање на обезличувањето на македонскиот народ и македонската држава и уништувањето на македонскиот идентитет. Според нив, национална должност е да се знае каде се движи Македонија. Повикаа на масовни протести за зачувување на името и државата.

-Загриозена е судбината на Македонија. Ние сме крвавеле во 2001 година. Без капка крв се сака да се продаде Македонија. Затоа зад нас стои секој искрен човек на државата. Секојдневно расте бројот на зачувувачите на македонскиот идентитет, истакна бранителот Гоце Стефановски.

Loading