ДОСТАПНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Marlboro Core 7.0 произведени во Тутунски комбинат Прилеп

Photo 5

Marlboro Core 7.0 кои се произведуваат во Тутунскиот комбинат (ТКП), отсега достапни на македонскиот пазар. По модернизацијата на фабриката со што се исполнија високите критериуми за производство на цигарите на гигантот во тутунската индустрија Philip Morris International, можат да се најдат во продажба и на нашиот пазар.

Според Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП, во изминативе неколку години се работеше напорно да се трансформира ТКП во модерна и ефикасна фабрика, која со тоа се квалификува да произведе еден од највредните брендови во светот.

– Марлборо е една од најпознатите трговски марки и е меѓународен бренд број еден за цигари од 1972 година.  Со посветеност на Philip Morris International се одржува највисок квалитет половина век. Заедно со технологијата и материјалите за производство, Philip Morris International го пренесе во ТКП и знаењето да се задржи ист квалитет и ист вкус на оваа цигара – изјави Солтер.

– Посветени сме целосно на процесот на модернизација. Успеавме да направиме ефикасна фабрика, да го рационализираме производството и да направиме чекор напред со развојот. ТКП стана фабрика според стандардите на Philip Morris International и по поминатите контроли дојдовме до стадиум на производство на Marlboro Core 7.0. Тоа е голем успех за компанијата. Уште поголем за достапноста на македонскиот пазар. Тоа е заеднички успех со стратешкиот партнер Philip Morris International – изјави генералниот директор на ТКП, Кирил Станкоски.

Photo 6

ТКП ја подобри инфраструктурата, инсталира нови машини, почна производство на нови квалитетни брендови барани на пазарот. Осигуран е  стабилен откуп и навремена исплата на сите договорени количества тутун. Од градбата на фабриката, првпат е реновирана производната хала од над 5.000 м2 и се создадени сите услови за исполнување на високите стандарди на Philip Morris International. Инсталирана е нова машина за производство на цигари со потенок, прогресивен формат или т.н. 7.0 формат, што овозможи да почне да се произведува Chesterfield 7.0 и да се почне производство на Marlboro 7.0. како најбрзо растечки формати на македонскиот пазар во моментов.

Loading