80 ПИЛОТИ – СВЕТСКИ АСОВИ КАЈ МАЛО КОЊАРИ

Спортско воздухопловство

SLIKA Vozduhoplovstvo

Сиромашната спортска понуда во градов, во лето и во есен ја збогатуваат спортско-воздухопловните натпревари. Во организација на клубот Фил феникс, предводен од директорот Здравко Тодороски и Воздухопловната федерација на Македонија, претстојниот викенд на Спортскиот аеродром кај Мало Коњари ќе се одржат два светски купа во слободнолетечки модели – в сабота Трофеј на Прилеп, в недела Куп на Македонија.

Се очекуваат над 80 пилоти, меѓу кои има и светски асови, освојувачи на медали. Особено за големи фаворити се сметаат Русија и Шведска. Вниманието е свртено и кон македонските натпреварувачи, меѓу кои има и прилепчани. Тие се максимално подготвени и се ќе направат да освојат медал. Според програмата, натпреварите ќе се одвиваат во следните категории: Ф1А (едрилици), Ф1Б (модели со мотор), Ф1Ц (модели со моќност), Ф1П (за јуниори), Ф1К (за сениори и јуниори),

За Еурочеленџ купот ќе бидат земени предвид резултатите и пласманите од Ф1Х (едрилици).за сениори и јуниори.

Loading