ДОНАЦИЈА ЗА СОУ РИСТЕ РИСТЕСКИ РИЧКО И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ТКП

1 filip-moris-donacija-2

Филип Морис ТКП е првата општествено одговорна компанија која инвестира сопствени ресурси за подобрување на образовните капацитети.  Вложи 80 илјади долари за реновирање на училници со најсовремена опрема во СОУ Ристе Ристески – Ричко. Соработката ќе продолжи и со практичната настава, со потпишувањето на Меморандум со што се овозможува пракса за учениците од електротехничката струка во текот на целата година во капацитетите на фабриката.

За ТКП ова е начин да обучува кадри кои во иднина ќе бидат дел од колективот на фабриката.

– Многу е важно да се искористат потенцијалите на младите кадри. Тие му се потребни на Тутунски комбинат кој со помош на Филип Морис поставува нови стандарди во тутунската индустрија во земјава и полека успеваме да го вратиме Комбинатот на позиции од порано, како стратешка фабрика со позитивни резултати. Целокупната реколта која ја откупуваме од страна на нашите кооперанти ја продаваме на Филип Морис. Целта е подигнување на стандардите на највисоко ниво, да ги пратиме светските текови во делот на производството на цигари – вели Кире Станкоски, директор на ТКП.

Според градоначалникот Илија Јованоски, донацијата е пример која треба да се следи за општествена одговорност со бенефити во образовната сфера.

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ТКП

1 filip-moris-donacija-1

Со модернизацијата на Комбинатот опфатена е производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни. Инсталирана е нова машина за производство на цигари со потенок прогресивен формат или т.н. 7.0 формат, што овозможи во изминатиов период да почне да се произведува Chesterfield 7.0 и да се започне со производство на Марлборо 7.0. како најбрзо растечки формати на македонскиот пазар.

Михаел Солтер, генерален менаџер на ПМТКП рече дека фабриката во Прилеп ги исполнува највисоките стандарди за квалитет, според критериумите на глобалниот гигант во производството на цигари Филип Морис.

– ПМТКП поставува највисоки стандарди на квалитет во се што спроведува. Години наназад работиме на модернизација на производните процеси и унапредување на квалитетот кај нашиот партнер ТКП, за да може да ги достигне високите стандарди на Филип Морис и со тоа да почне со производство на нашите брендови – изјави Михаел Солтер.

За вицепремиерот Анѓушев глобалната компанија Филип Морис и нејзиното работење во Македонија е пример што треба да се следи.

Loading