НАЈВЕСЕЛОТО ТАКСИ ПРИСТИГНА ВО ВИТАМИНКА

taxi

Возило од Витаминка и Тамаро летното такси, пристигна во кругот на компанијата. Брендираното Рено 4 ја заврши летната мисија. Ќе биде атракција во дворот на фабриката. Највеселото такси во јули и август нудеше забава на охридските плажи. Избрендираното Рено 4 во боите на Витаминка, Тамаро и Супер радио секоја недела посетуваше некоја позната охридска плажа каде на летувалци и туристи, водителот Жанко ЗШ Голабоски, им делеше од вкусните производи, Стоби Флипс и  Магнус. Летното Витаминка такси имаше и ноќна мисија. Еднаш неделно, за сите кои го сопреа возилото во вечерните часови, се возеа бесплатно до саканата дестинација, а притоа добиваа и многу Витаминка производи.

Loading