КОМФИ АНГЕЛ ДОНИРА ВО КИЧЕВСКА ГРАДИНКА

Постелнини и перничиња за потребите на градинката ,,Олга Мицеска,, од Кичево донираше компанијата Комфи Ангел. Директорот на единствената градинка во Кичево, Садик Ахмети, изрази благодарност. 

– Да се биде хуман значи да ги сакаш луѓето, да посакуваш добро и среќа, да бидеш сочувствителен, да ја поттикнуваш нивната радост. Она што нé носи заедно е дека сме човечки суштества – изјави Ахмети.

Во континуитет Комфи Ангел како општествена одговорна компанија донираат каде што е најпотребно. Во повеќе градови имаше хуманитарни акции насловени Со љубов да подадеме рака.

– Не се однесува само на соработката на оние кои што им е најопходна помош, туку и самата инволвираност на вработените ги прави подобри луѓе. Партиципираат да им помогнат на другите – објаснуваат од Комфи Ангел.

Компанијата со богатата палета со висок квалитет и поволни цена ги следи потребите на потрошувачите. Во тек е акцијата со поволни цени за учениците.

Loading