ПЛАТИЛ 500.000 ЗА ПИПЕРКИ, А ПИПЕРКИ НЕ ДОБИЛ

Измамен Бугарин

Piperki

Бугарин бил измамен во Прилеп, откако платил 500 илјади денари за пиперки. Но, пиперки не добил. Натоварениот камион не стигнал на договореното место.

П.К. (43) од Софија, Бугарија, пријавил во полицијата дека на 16.09. во присуство на двајца блиски пријатели дошол во Македонија да купи пиперки од селото Обршани, општина Кривогаштани. Откако ја извршил исплатата на договорената стока и која била товарена во камион заедно со целокупната документација, се упатил кон Бугарија. Товарното возило не стигнало на договореното место, а оштетениот се обидел да оствари контакт со повеќе лица. Сфатил дека е измамен и пријавил во полицијата. За кривично дело.  предизвикување на материјална штета од 483.640 денари на правното лице од Бугарија во полицијата во Кривогаштани било повикано едно лице од селото Обршани. Одземена е документација од правното лице што го застапува.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Loading