ГЕШОСКИ СЕ ВРАЌА

Фудбал

По пауза поради репрезентативните настапи, в недела продолжува прволигашкото првенство, каде Победа е домаќин (во Битола) на Ренова. Можност за втор есенски триумф, особено ако се има предвид дека гостинскиот тим имаше скромен старт. Нови кандидати за настап на овој меч, во спискот на тренерот Мегленски се искусниот Гешоски, кој ја издржа суспендијата, потоа Французинот Макота, повратникот Велкоски и младинецот Ристески. Претходно беше успешниот тест со албанскиот шампион Скендербег (2-2 во Корча, со головите на Макота и Танушев).

Табела: Работнички и А. Пандев 9, Шкендија и Вардар 8, Силекс и Победа 5, Ренова 4, Македонија ЃП и Шкупи 2, Беласица 1.

Loading