„ВИНАТА“ Е ВО ВАГАТА

Борење

Во Сараево, Б и Х, се одржа Балканското првенство за кадети и пионери, на кое учествуваа членови на БК 7 Мај Леов. Стефан Стојаноски и Барбара Стојкоска. Од нив, како мошне млади и со скромно искуство, не се очекуваа врвни резултати, но по завршувањето на првенството останува впечатокот на стручњаците дека пропуштиле голема шанса. Проблемот бил во тежината? Имено, двајцата имале вишок килограми на официјалното мерење и затоа морале да настапат во повисоки, потешки категории од досегашните. Така Стефан Стојаноски учествувал во групата до 44 килограми, каде постигнал една победа (со Романец) и два пораза (од шампионот Штерјов од Штип и од Бугарин) за пласман на 5 место. Да бил во својата група до 41 килограм ќе се борел за златниот медал, бидејќи таму првак станал Бугарин што веќе го имал совладувано. Сличен е и случајот со Стојкоска, која е многу помлада од своите ривалки. Првенството е големо искуство за двајцата за да внимаваат на исхраната.

Тренерот Саше Игнатовски беше тренер на Женската репрезентација, со освоен бронзен медал.

Loading