МРАК ВО ЕУРОКОМПОЗИТ

Наменската фабрика Еурокомпозит не работи неколку дена, оти нема струја. ЕВН го исклучила напојувањето, поради неплатен долг, кој неофицијално е околу 100.000 евра. Вработените се лути од неисполнетите ветувања и оти седат дома. Најавуваат протести пред Владата како вработени во претпријатие под државна капа.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, струјата не била платен од 2011, 2012 и 2013 година.

-Компанијата е во фаза кога преку реструктуирање во стечај ќе се бара стратешки инвеститор – изјави Анѓушев.

Фабриката испорачала производи за МВР од девет милиони денари.

Вработените во Еурокомпозит пролетоска протестираа речиси секоја недела и го блокираа патот Прилеп – Градско поради неземени 16 плати и три пати повеќе придонеси. Во знак на револт, дел од нив направија камп од шатори пред Владата во Скопје.

Еурокомпозит има долг од близу 5 милиони евра.

Loading