ДОНАЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТНИ КАДРИ

donacija

Со донација од 80 илјади долари на компанијата Филип Морис – ТКП, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ доби современа опрема за изведување практична настава и целосно реновирање на просториите за практична настава. Реконструкцијата се очекува да заврши до крајот на септември. Имплементацијата се одвива во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Ова е прва компанија која инвестира во подобрување на образовните капацитети во Прилеп.

Донацијата содржи нови подови во училниците, санација на внатрешните ѕидови, замена на вратите, поставување на ново расветлување и модернизирање на училишните кабинети за практична настава и нивно опремување со специјализирани школски електротехнички лаборатории и градежни зафати во кабинетите на наставниците.

Според Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис – ТКП, компанијата придонесува во насока на квалитетно образование и поефикасно вклучување на учениците на пазарот на трудот.

-Даваме придонес во образованието, затоа што само квалитетот може да ги подобри состојбите во заедницата. Ова училиште има токму таква улога во локалната економија. Интервенираме во образовните капацитети, да се оспособат за квалитетни и добро обучени кадри, подготвени за потребите на пазарот на трудот – вели Солтер.

Во училиштето се образуваат 825 ученици.

Loading