ВРВЕН ТАНЧЕР СО ПРИЛЕПСКИ КОРЕН

Мајкл Дамески до награда од 1 000 000 долари

-Светската ѕвезда Џенифер Лопез во жирито пред кое игра Дамески од татко Пеце и мајка Неда со потекло од Прилеп.

majkl

Милион долари се на дофат на 22 годишниот Мајкл Дамески од  Австралија кој има прилепски корен. Младиот врвен танчер чија игра не може да се опише, туку едноставно мора да се види, настапуваше во финалето во познатото американско шоу „World of Dance 2018“ пред жирито, во кое член е и светската ѕвезда Џенифер Лопез. Ќе остане ли и овојпат без зборови пред изведбата на талентираниот Дамески на финалната вечер. Дали Македонецот односно прилепчанецот дојде до победата и освои милион долари до затворањето на весникот не дозвнавме, бидејќи финалето на шоуто беше на 12 септември. Организаторите на „World of Dance“ со суперлативи го опишуваат последниот настап пред финалето.majkl 1

 

Младиот танчер со прилепско потекло, кој со својот огромен талент и прекрасни соло изведби ја воодушеви публиката има решителен и енергичен настап, импресивна кореографија и фантастично танцување. Дамески е роден и живее во Сиднеј. Прилепчани се родителите Пеце и а Неда. Од шест години учествува во натпревари за танцување без да посетува часови за тоа и се пласира во првите места. Мајкл последниве три годни живее во Лос Анџелес, во Калифорнија. Тој докажува дека Македонците, односно прилепчани, човек не само што не може да ги натпее, надитри, туку и да ги надигра.              

Во 2014 година, тој беше крунисан како најдобар танчер во австралиското шоу „Мислиш ли дека можеш да танцуваш” освојувајќи 100.000 долари.

majkl 2

Loading