РЕКОРДНИ БОДОВИ И ПОЕНИ

Шах

Тимот на Прилеп имаше одличен настап на Државното екипно првенство во Струга. Освоено е 4 место, како претходните две години, но сега низ многу подобри резултати. Со еден пораз (од шампионот Алкалоид Скопје), три реми (Гостивар, К. Вода и Гамбит Скопје) и три победи (4 Ноември Битола, Карпош и Центар Скопје) освоени се рекорден број бодови (9) и поени (22.5). Успехот го донесоа ВМ Миљковиќ, ИМ Златановиќ, капитенот ИМ Кироски ФМ Трајкоски, Ѓорѓиески, Готовуша, Николоски и Дамчески. За ,,влакно,, побегна 3 место, каде е Гостивар со исти бодови, а поради поголемиот број поени (27,5). 

Трите најдобри тима ќе настапат во евро-куповите.

Loading