ПРИЛЕПСКА „ПРОЛЕТ“

Demokratski  i majtapdziski tabiet na Prilep

Додека во сегашно време на ТВ гледаме како паѓаат режими во Африка и на Блискиот исток од народните маси, прилепчани биле 70 години пред нив.

Уште во кралска Југославија, во неразвиениот демократски политички систем, знаеле да го покажат мајтапот и сеирџилакот, но и да го затресат режимот. На власт била владејачката фамилија Караѓорѓевиќ, а во т.н. уставна монархија, немало место за Македонци – избраници за во Скупштината. Лулавата држава, поминувала од една во друга криза, де политичка, де економска, а главниот збор секогаш го имале српските пратеници (посланици). Не биле ретки атентатите и убиствата меѓу хрватските и српските пратеници, на сред бел ден пред Скупштината во Белград.

Прилепскиот народ од тогашната Вардарска бановина, во 1938-ма година решил да ги земе работите во свои раце. Така, со транспаренти “Гласајте за мене да си направам уште една куќа” и слични, низ сатира го покажувале трулиот изборен систем и лакомоста на пратениците. Ваквите собири, колку и да биле спонтани, покажуваат нишка на сплотеност во идеалите и непокорност кон секоја ненародна власт, вредност што го краси Прилеп отсекогаш.  

Loading