СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА АРСЕНИЈ АНГЕЛЕСКИ

Нашиот млад музичар Арсениј Ангелески в понеделник од 20 часот во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе одржи солистички рецитал на кој ќе се претстави со дела – бисери на светската пијанистичка литература – Бах, Клементи, Менделсон, Шостаковиќ, Рахмањинов… Момчето е талентиран пијанист зад кој стојат многубројни награди и настапи концерти не само во земјата, туку и во странство.

Ангелески е ученик во осмо одделение во ОМУ ,,Ордан Михајлоски – Оцка,, во класата  по пијано на проф. Христина Никоска.

Loading