Изложба на дела од нашиот сограѓанин Александар Џинго ќе биде отворена вечерва од 20 часот во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Уметникот се претставува со дела замислени визуелни композиции и креативни идеи во музиката, костимографијата и графиката како повеќегодишен израз. Тие се резултат на истражување во празниот простор од каде што тој дејствува и трансформира, за на крај да обликува свои уметнички сцени.
– Џинго пристапува кон детална тематска, техничка и естетска анализа. Оттука произлегува структуралниот пристап во творештвото. Со интелектуална љубопитност создава препознатлив печат, а тоа е спојот на графичкиот дизајн и ликовната уметност. Авторот се определил за колаж како процес на екпериментирање, кој нуди неочекувани креативни ефекти. Основната ликовна синтагма е интеракција на колоритната хармонија и акустичноста на ликовите. Во делата е присутна постојана акумулација на сопствените идеи и потребата по целина – вели Оливера Богатиноска.