ИГРАЧКИ И РОБОТИ ЗА ЛИКОВНА ИНСПИРАЦИЈА

Изложба

Тематската изложба Играчки и роботи како ликовна инспирација. ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. На изложбата во соработка со ДЛУМ, ќе учествуваат автори од Македонија, Србија, Мексико, Шпанија, Бугарија, Унгарија, Ерменија, Куба, Словенија, Хрватска и Франција.

Академскиот скулптор и сликар Лепосава Милошевиќ Сибиновиќ вели потребата за играње е стара колку и човекот. Поврзана е со разни предмети, пронајдени во животната средина, до комплексни современи електронски уреди.

-При растењето, играчките најмногу го задржуваат детското внимание. Тие се и културен показател за животната средина и времето или се уште актуелни. Во подоцнежните години, честопати се чуваат како симбол на вечен спомен од детството. Со нив се стекнува искуство и вештина, се развива имагинацијата, се негува желбата за надминување на пречките, се поттикнува натпреварувачкиот дух и креативниот потенцијал – вели Сибиновиќ.

Loading