ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ ПОД СЛОНОТ

Библиотеката во соорганизација со Локалната самоуправа и друштвото ,,Пела,, од Љубљана, утревечер го организира 13-тото издание на поетската манифестација Поетско Маркукуле 2018. Традиционално, под падините на Марковите Кули, кај Слонот, ќе се одржи средба на педесетина поети од сите возрасти од земјава и од странство.

– Поетите и љубители на поетскиот збор од сите краишта ги привлекува манифестацијата која нема натпреварувачки карактер, туку е поетски митинг на секој кој пројавил желба и кој твори поезија – вели Петар Петрески, директор на Библиотеката.

Кога се слави поезијата, со пиетет се сеќавањата за двајцата уметника кои предвреме заминаа, а кои оставија голем белег. Станува збро за Љубен Димкароски – Димкаро, силен поет и брилијантен музичар по чија идеја и  е создадено Поетското Маркукуле, и Симеон Иванов – Канго, рокерот и поет кој беше присутен скоро на сите изданија.

Ќе се промовира и зборникот, Поетско Маркукуле 2017.

Loading